УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ПЛАНИНАРСКИОТ ДОМ „ЉУБОТЕН“ НА ПОПОВА ШАПКА
Планинарски Клуб „Љуботен“ од Тетово
Локација: На Попова Шапка позади Детското одморалиште во близина на Планинарски дом „Смерка“.
Пристап: Тетово – Попова Шапка (Детско одморалиште): :*
Услови:
- Дневен боравок со кујна, 2 спални соби, топол ходник, санитарен чвор.
- Домот нуди 10 легла од кој 4 во една соба, 6 во друга соба.
- Греењето е на шпорет на дрвја кој може да се користи и за готвење, и додатни греалки за во собите.
- Постојан дотек на вода и бојлери во кујна и во WC.
- Постојана снабденост со електрична енергија
- ТВ со ДВД плеер.
- За разлика од останатите планинарски домови овој Дом нуди интимност и пријатност за семејства или помала група на планинари и скијачи.
Цените за оваа сезона:
- 5000 денари е цена за престој во Домот за едно деноноќие.
- 6000 денари е цена за престој во Домот за еден викенд
- 2500 денари е цена за престој во Домот за повеќе од три деноноќија
- Во склоп на цената вклучена е и постелнина.
- За членови на клубот цената за едно деноноќие изнесува 100 денари + 10 денари за 1киловат потрошена електрична енергија
Работно време: Домчето е отворено за гости преку целата година но не е со постојан домар. Затоа потребна претходна и навремена најава во Планинарскиот клуб „Љуботен“ поточно на одговорниот за домот.
Информации:
- Ацески Зоран (контакт тел. +389 71 660 806)
- Алексоски Звонко (контакт тел. +389 71 561 449)
- Грнчароски Димче (контакт тел. +389 70 71 00 65)
СЕКОЕ СВРАЌАЛИШТЕ, ЗА ДОБРО ИЛИ ЛОШО Е ДОМ НА СЕКОЈ КОЈ ВО ИСТОТО ПРЕСТОЈУВА.
СЕТО ТОА ВОДИ КОН ЕДНО.
ЗА СЛЕДНИОТ ДА ОСТАВИМЕ И ПОДОБРО!
ПЛАНИНАРСКИ КЛУБ „ЉУБОТЕН“ – ТЕТОВО
Р.МАКЕДОНИЈА
|