По успешно завршената манифестација членството одлучува оваа манифестација да стане традиционална и скоја година да се изведува со логорување на Лешница и со околни планинарски тури.
Следната 1955г. слетот зема уште поголем замав: 150 планинари од цела Македонија доаѓаат на Лешница.
Лешница е убава, а околните места прекрасни за планинарски тури.
Во зависност од можностите планинарскиот клуб „Љуботен“ овој слет го организира како слет на Јелак или Попова Шапка со планинарска тура на Лешница. Некои години е само како еднодневна тура кон Лешница преку Горна Лешница. На крајот од педесеттите години овој слет е организиран на Јелак. |
|
|
 |
Лешница 1954, Кривошичко езеро |
Лешница 1957, Јелак |
Лешница 1957, Јелак |
| |
Најкарактеристични се слетовите во средината на шеесеттите години поточно во 1964 и 1965 година кога на Лешница логоруваат 400 планинари од цела Македонија. Тие години планинарските тури се кон Караниколичко Езеро.
На крајот од шеесеттите и почетокот на седумдесеттите години овој слет се организира на државно ниво, а посетеноста е се поголема
|
|
|
|
Лешница 1964 |
Лешница 1965 |
Лешница 1976 |
Интересни се осумдесеттите години кога клубот влегува во склопот на збратимените планинарски друштва на СФРЈ и кога на овој слет има и по 1500 планинари, и тоа не само од Југославија туку и од повеќе европски земји. Во тие години Лешница е облеана со планинари по сите нејзини делови. |
|
|
|
|
Лешница 1982 |
Лешница 1984 |
Лешница 1954, Караниколичко езеро |
| |
Во деведесеттите години бројот на учесници се намалува, а слетовите со по 200 планинари се на Лешница со планинарски тури кон Џинибег и Кривошија. Крајот на деведесетите години, поточно во 1998, 1999 и 2000г. слетот е на Јелак, а турата кон Лешница. |
|
|
|
Лешница 1996, Кривошиски Водопад |
Лешница 1998 |
Лешница 1999 |
| |
Во 2003 и 2004 планинарскоит клуб „Љуботен“ слетот го организира на Попова Шапка со логор околу планинарскиот дом на клубот и со планинарска тура кон Лешница преку Горна Лешница |
|
|
|
Лешница 2003, Попова Шапка |
Лешница 2004, Планинарски дом „Љуботен“, Попова Шапка |
Лешница 2005, Горна Лешница |
Последните две години 2005 и 2006 поради големите обврски на клубот кон другите манифестации, овој слет е организиран како еднодневна посета на Лешница и нејзините убавини. Сепак желбата на планинарите е во иднина логорите да ги организираме на Лешница, а планинарските тури да се одвиваат по нејзините прекрасни површини. |
|
|
|
Кон кадите на Кривошија 2006 |
Кон Лешница 2007 |
Горна Лешница 2008 |
| Во 2007 и 2008 година оваа најдолга по традиција манифестација во Македонија ја продолживме со логорување на Попова Шапка и едноднево искачување кон Лешница преку Горна Лешница со посети на Кривошиските кади. |
| |
|
| |