Планинарскиот
клуб „Љуботен“ брои шеесеттина члена годишно. Годишната членарина изнесува 600 денари на член. За лица под 18 години изнесува 300 денари. Со плаќање на членарината, секој член добива лично осигурување, членство во ФПСМ, попуст во домовите на П. Шапка и Љуботен и попуст при систематски преглед во поликлиника "Интермед" – Тетово.
Според Статутот постојат органи на П.К.
„Љуботен“, а тоа се Собранието, Претседателот,
Извршниот Одбор, Секретарот, Благајникот,
Надзорниот Одбор и Судот на Честа.
Претседател
на П.К. „Љуботен“ е Јован Божиноски, а секретар
на клубот е Димчо Грнчароски
Членовите
на клубот се собираат во неговите простории
секој вторник и петок од 19:00 до 21:00
часот. На состаноците, членовите ги подготвуваат
манифестациите на клубот, работат на определени
проекти, ги планират тековните активности
и се она што е поврзано со планинарскиот
спорт. |
Планинарскиот
клуб „Љуботен“ соработува со планинарските
друштва и останатите спортски друштва во градот,
Општина Тетово со ЛЕР канцеларијата, Француската алијанса, ГТЗ канцеларијата во Тетово, а посебно Македонското Еколошко Друштво од Скопје.
П.К. „Љуботен“ има свои
секции за подмладок во Основното Училиште
„А.С. Ќиќиш“ и Средниот Училишен Центар
„Моша Пијаде“ од Тетово. За нив клубот организира
посебни акции во рамки на нивните училишни
активности.
|