aktivnosti press

 

Планинарски клуб „Љуботен“ - Тетово според статутарните одредби, односно целите  и задачите, организира активности од повеќе планинарски спортови од кои планинарството, високогорството, алпинизмот и планинско спасителна служба.

Во рамките на клубот работат две секции: алпинистичка и секција за планинско спасување. Освен овие две, клубот има формирано и секции во У.Ц. „М. Пијаде“ и О.У. „А.С. Ќиќиш“.

vodaci
vodaci

Кон крајот на секоја тековна година клубот изработува програмa, односно календар на активностите за следната година. Календарот се состои од манифестации кои клубот ги организира на интерно, локално, државно и меѓународно ниво.

· Интерните манифестации, кои се и најбројни во календарот на клубот, претставуваат тури на кои одат членовите на клубот, а се организираат без јавно плакатирање низ градот и локалните медиумите и без испраќање на покани кон останатите планинарски друштва.

· Локалните манифестации се организираат без испраќање на покани кон останати планинарски друштва, а со јавно плакатирање во градот и на локалните медиуми, и на истите освен членовите на клубот присуствуваат граѓаните на Тетово и членовите на секциите при училиштата.

· Државните манифестации клубот ги организира со испраќање на писма до планинарските друштва во Македонија, со плакатирање и јавно промовирање преку државните медиуми.

· Меѓународните манифестации се организираат со испраќање на покани до планинарските друштва од Македонија, од земјите на Балканот и до сите оние со кои П.К. „Љуботен“ има контакти, се разбира сето тоа со плакатирање и јавно промовирање на манифестацијата на државните медиуми.

vodaci

vodaci

Да напоменеме дека државните и меѓународните манифестации влегуваат во годишниот календар на ФПСМ, а пак, само меѓународните, во календарите на земјите членки на Балканската планинарска федерација.

Доколку останатите планинарски друштва кои ќе ја посетат оваа страница изјават интересирање  за учество на интерните и локалните манифестации, слободно може да се вклучат на истите, секако со претходна најава и договор.

Се разбира дека по покана на останатите планинарски друштва, планинарскиот клуб „Љуботен“ присуствува и на манифестации организирани низ Македонија , и е гостин на планнинарските друштва со кои има контакти.

 
ПОЧЕТНА / АКТИВНОСТИ / ИСТОРИЈА / ЧЛЕНСТВО / ПЛАНИНАРСКИ ДОМ / АЛПИНИСТИЧКА СЕКЦИЈА / ШАР ПЛАНИНА / ФОТОГРАФИИ